3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа запирање на изградбата на Панорамското тркало во Скопје се потпишале шест...

За запирање на изградбата на Панорамското тркало во Скопје се потпишале шест илјади граѓани

ndjbtawfbusmxvd-800x450-nopad-777x437-696x391

Околу шест илјади граѓани во текот на изминатите четири дена ја потпишале петицијата што ја покрена група граѓани до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со којашто се бара да се запре изградбата на Панорамското тркало и средствата да бидат пренаменети за други цели, како гасификација на главниот град и решавање на проблемот со загадувањето.

Одлуката за изградба на овој објект во коритото на реката Вардар ја донесе Град Скопје со мнозинство гласови на советниците во 2013 година, а иницијативата потекна во 2010 година, во рамки на проектот „Скопје 2014“. Панорамското тркало е со пречник од 57 метри, а целиот објект ќе биде висок 73 метри над нивото на реката Вардар, со 30 кабини и придружни објекти, како кафетерии и сувенирница. Според најавите, објектот ќе има капацитет од 300 луѓе.

По неуспехот на првичната замисла изградбата да ја финансираат бизнисмени и приватни фирми, средствата беа побарани од државните институции и од Владата. Досега донирала, околу милиони денари, само Агенцијата за електронски комуникации.

Вредноста на Панорамското тркалото достигна сума од 19,7 милиони евра, но изворот на парите не ѝ е познат на јавноста. Изградбата на тркалото продолжи и покрај ротивењето на јавноста и граѓанските протести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП