2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилни над 55 долари во очекување на примената на...

Цените на нафтата стабилни над 55 долари во очекување на примената на договорот

nafta-pafta

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот во слабото тргување на меѓународните пазари над нивото од 55 долари во очекувањето да стапи на сила договорот за намалување на понудата кој го склучија Организацијата на земјите извозничка на нафта (OPEC) и клучните независни производители.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше на 55,16 долари. Значајни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргуваше по цена од 53,17 долари.

Во вторникот OPEC не ја објави цената на барелот на референтна кошница своја нафта поради празниците. Според последните објавени податоци на интернет страницата на картелот, во средата таа изнесувала 52,25 долари, што значи дека останала на претходниот трговски ден.

Во недела на 1-ви јануари официјално стапува на сила одлуката на OPEC и групата независни производители за речиси 1,8 милиони барели дневно.

„Кастрењето на производството на OPEC е сé поблиску, но бидејќи нема никакви вести од производителите, пазарот се заглави на понискиот раст на цените“, толкува Тамомичи Акта од токиски „Mitsubish“,

Пазарите во понеделникот беа затворени поради божикните празници, а во вторникот обемот на трансакциите беше слаб.

Најголемите членки на OPEC, како Саудиска Арабија и Ирак, веќе ги известија купувачите за намалување на понудата. Либија и Нигерија се изземени, пак, од ограничувањето на производството бидејќи нивното и онака е намалено поради тамошните судири. Оттаму овие две земји во последниот период го зголемуваат производството.

Така, во Либија во понеделникот биле произведени 622.0000 барели, што е незначително повеќе отколку во периодот пред договорот за укинување на двегодишната блокада на главните нафтоводи, соопшти државната нафтена компанија.

Договорот за намалување на производството веројатно различно ќе влијае на цените на поединечните видови нафта. Така, разликата во цените кон поквалитетните типови нафта би можела да се намали откако примената за намалувањето ќе стапи на сила.

„Очекуваме дека на преминот во 2017 година премиите за поквалитетната нафта би можеле да се најдат под засилен притисок поради договорот на OPEC и земјите надвор од картелот за намалување на производството, што и требало во прв ред да ја намали достапноста на нафтата со средна киселост“, проценуваат во консултантската куча JBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП