Јапонскиот технолошки гигант „Panasonic“ ќе инвестира над 30 милијарди јени (256 милиони долари) во фабриката на производителот на автомобили „Tesla Motors“ во Њујорк за производство на фотоволтаични ќелии и модули, со што партнерството меѓу двете компании се продлабочува, пренесува „Ројтерс“.
„Panasonic“ која го менува фокусот од електроника со ниска профитна маргина кон автомобилските компоненти и други области, насочени кон корпоративните клиенти, ќе оствари инвестиција во фабриката на „Tesla“ во Бафало, Њујорк.
Американскиот производител на автомобили, пак, се ангажира долгорочно да купува производи од „Panasonic“ како дел од договорот.
Во заедничката изјава денес двете компании изјавија дека планираат да започнат производство на фотоволтаични модули во текот на летото на 2017-та година.
Планот за партнерството на двете компании најавено е во октомври, но до сега не беа откриени никакви детали во врска со него.