3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2016 година - рекордна за туризмот во Грција

2016 година – рекордна за туризмот во Грција

santorini33

Резултатите во грчкиот туризам за оваа година ги надминуваат првичните очекувања, вели во интервју за агенцијата „АНА-МПА“, грчкиот министер за туризам Елена Кунтура.

Таа истакнува дека приходитеод туризмот во 2016-та година се зголемија за 9 отсто, а според централната банка на Грција банкарските депозити се зголемија за 2,9 милијарди евра за време на туристичката сезона од мај до октомври.

Грчкиот министер за туризам нагласува дека позитивната динамика во секторот во 2016-та година ќе се задржи и во текот на следната година.

2016-та година беше рекордна за туризмот во Грција, вели таа, истакнувајќи дека нејзиното министерство планира да ја продолжи туристичката сезона и дека е во контакт со туроператори и авионски компании, за да обезбеди директни чартер летови не само за време на туристичката сезона, но и во целата година.

„Во 2017-та година си поставивме за цел да се прошири уште повеќе нашиот пазар на Блискиот Исток, Кина и Јужна Кореја и да се насочиме кон привлекување на туристи од Индија“, вели грчкиот министер за туризам, цитирана од агенциите.

Грчките весници денеска посветија внимание и на друга тема во земјата.

Нов бран од даноци и повисоки цени на основните производи и услуги во Грција стартуваат од 1-ви јануари 2017-та година, соопштија локалните изданија.

Објавените податоци покажуваат дека од Новата година бензинот ќе забележи раст од 3 евроценти за литар. Дизелот поскапува со 8 евроценти за литар.

Со десет евроценти пак се зголемува и течниот природен гас.

Цигарите исто поскапуваат, бидејќи од 1-ви јануари стапува во сила и специјалниот данок на потрошувачка на тутунските производи.

Тоа значи дека цената на килограм тутун ќе скокне од 156,70 евра на 170 евра. Поради данокот на цените на мало се зголеми од 20 на 26 отсто.

Со повисок данок ќе биде оданочена и никотинска течност за електронските цигари. Таа ќе скокне за 10 отсто.

Од две до три евра за килограм поскапува и кафето.

Посебна такса се воведува и за фиксните телефони. Таа ќе биде во висина од 5 отсто.

Промени се очекуваат уште и во однос на осигурувањето, пензиите, приходите и старосните граници за пензионирање. Тие ќе влијаат на 3,5 милиони вработени и 2,7 милиони пензионери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП