2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕЦБ: Banca Monte dei Paschi di Siena има потреба од 8,8 милијарди...

ЕЦБ: Banca Monte dei Paschi di Siena има потреба од 8,8 милијарди eвра

si-si300

На италијанскатa „Banca Monte dei Paschi di Siena“ и се потребни околу 8,8 милијарди евра капитал, за да го подобри балансот откако ликвидноста и се намали минатиот месец. Ова го покажуваат пресметките на Европската централна банка (ЕЦБ), цитирани од „Bloomberg“.

Регулаторот се базира на извршените стрес тестови во текот на оваа година. Самите бројки беа обелоденети од италијанската банка доцна вчера. „Banca Monte dei Paschi di Siena“ добила две писма од „ЕЦБ“ преку Министерството за финансии во земјата.

„ЕЦБ“ го следи влошувањето на ликвидноста меѓу 30-ти ноември и 21-ви декември, но се уште ја смета банката за платежоспособна, бидејќи ги исполнува барањата за капитал од втор ред (Tier 2). „Banca Monte dei Paschi di Siena“ побарала дополнителни информации за пресметките на регулаторот во Франкфурт.

Во петокот италијанската влада соопшти дека ќе вложи до 20 милијарди евра во „Monte Paschi“ и други банки, откако банката не успеа да собере околу 5 милијарди евра од пазарите. Главниот извршен директор Марко Морели бараше инвеститори, кои ќе го поддржат планот за реорганизација, кој вклучуваше продажба на акции, свопови, како и продажба на лоши кредити во вредност од 28 милијарди евра.

Во вторникот италијанскиот весник „Il Sole 24 Ore“ соопшти дека властите во Рим ќе инвестираат 6,3 милијарди евра во банката. Весникот пишува дека „ЕЦБ“ повикала за 4,5 милијарди евра придонесе од италијанската влада и 4,3 милијарди од обврзници. Портпаролот на владата одбил да даде коментар.

Трговијата со акциите на „Monte Paschi“ на берзата во Милано е запрена, додека нема целосни детали за капиталот на банката, одлучи на 23-ти декември регулаторот на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП