7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовинарите играат клучна улога во бројноста на членството на синдикатите

Новинарите играат клучна улога во бројноста на членството на синдикатите

mikrofoni333

Колку повеќе новинарите информираат за случаи кога се заштитиле работничките права, за индивидуални случаи кога е постигната победа, за институционален напредок со кој правно се подобрува состојбата со работничките права, толку повеќе синдикатот ќе привлекува членство и ќе биде посилен, беше речено на денешниот доручек во организација на Сојузот на стопански комори.

„Основна цел на постоењето на синдикалните организации е заштитата на интересите на работниците, нивна едукација, обединување, привлекување нови членови. Само со силен и независен синдикат работниците може да добијат гаранција за своите права, поголема сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, да бидат заштитени од дискриминација и мобинг. Ова се и темите за кои треба да се зборува кога е синдикатот во прашање, теми кои треба да бидат присутни во медиумите како исклучително важен канал за креирање на јавното мислење. Во таа насока транспарентнoто и објективно информирање од страна на медиумите при известувањето во врска со синдикатот и синдикалните прашања е особено важно за имиџот и кредибилитетот на синдикалните организации“, се рече на работната средба.

Силата на еден синдикат е во бројноста на неговото членство, во обединетоста и заедништвото. Само броен и обединет синдикат може да има моќ за преговарање со организациите на работодавачите, со министерствата и Владата, и вистински да се бори за обезбедување реални бенефити за работниците.

Новинарите, кои честопати и самите имаат потреба од заштита на нивните права, се особено важни во градењето на имиџот на синдикатите, и со своите прилози директно влијаат врз членството.

Колку повеќе информираат за случаи кога се заштитиле работничките права, за индивидуални случаи кога е постигната победа, за институционален напредок со кој правно се подобрува состојбата со работничките права, толку повеќе синдикатот ќе привлекува членство и ќе биде посилен.

На настанот исто така се информираше дека со цел поддршка на работничките права, неодамна беше пуштена во употреба новата синдикална веб-страница www.rabotnickiprava.mk, изработена во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот – МОТ. Веб-страница е заедничка на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита.

Председателот на ССМ Живко Митревски истакна дека последниве години беа донесени неколку важни закони како закон за минимална плата, за заштита од мобинг, за безбедност и здравје при работа, за заштита од дискриминација за родилки и бремени жени, а исто така најави дека следната година ССМ ќе има поинтензивни активности со цел зголемување на своето членство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП