2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba се соочува со загуба од неколку милијарди долари

Toshiba се соочува со загуба од неколку милијарди долари

BT-AF407_TOSHIB_M_20151115202904

Јапонската корпорација Toshiba, во вторникот, соопшти дека би можела да прокнижи еднократна загуба од повеќе милијарди долари поради превземањето на компанија од секторот за нуклеарна енергија во САД.

Во соопштението на компанијата се наведува дека споменатите трошоци за трансакцијата од 2015 година веројатно ќе предизвикаат „загуба од неколку милијарди долари, кои ќе имаат негативен ефект врз финансиските резултати на Toshiba”.

Точниот износ на потенцијалната загуба, како што соопштуваат, се уште е предмет на проценка.

Најновото соопштение доаѓа откако акциите на Toshiba изгубија речиси 12 отсто од вредноста поради шпекулацијата во медиумите во врска со потенцијалната загуба.

Потенцијалниот отпис, како што велат од Toshiba, поврзан со вредноста на купувањето на дел од компанија Westinghouse кој е во мнозинска сопственост на Toshiba, ja презеде компанијата “Chicago Bridge&I Stone& Webster”.

„Компанијата Westinghouse заклучи дека трошоците во голема мерка ја надминуваат првичната проценка од 87 милиони долари“, се наведува во соопштението на Toshiba, и додаваат дека ова ќе резултира со значително пониска вредност на средствата отколку што првично се проценува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП