17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа година доделени 466 ваучери за новороденчињата од Општина Кисела Вода

Оваа година доделени 466 ваучери за новороденчињата од Општина Кисела Вода

bebe333

Општина Кисела Вода месецов додели уште 50 ваучери за новороденчиња, со што бројот на семејства со принова кои добија еднократна парична помош од оваа локална самоуправа, се искачи на 1.748. Од нив, во оваа календарска година, се доделени 466.

Овој проект, кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода има за цел да им помогне на новите родители околу првите потреби што доаѓаат со новороденчето.

„Токму затоа, општина Кисела Вода уште еднаш ги повикува сите родители кои ги исполнуваат критериумите, воопшто да не се двоумат и да ја поднесат потребната документација за паричната помош. Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку елементи, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето“, информираат од Општина Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП