1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit отвора порти за превземање бизниси од Британија

Brexit отвора порти за превземање бизниси од Британија

ros3499

Кандидадот на Доналд Трамп за министер за трговија, Вилбур Рос, ги повика земјите да ја искористат можноста додека Велика Британија е во процес на напуштање на Европската унија, објави The Times.

Според весникот, Рос им рекол на кипарските финансиери дека тие треба да „удрат“ во текот на овој „период на конфузија” и да ги земат бизнисите далеку од градот. Brexit е „можност дадена од Бог” за конкурентите на Велика Британија како Франкфурт и Даблин, рече тој.

Весникот пишува дека Рос овие забелешки ги дал пред претседателските избори во САД и пред да биде избран од страна на Трамп за иден Секретар во неговиот кабинет, пренесува RT.

„Препорачувам Кипар да усвојат и веднаш да објават уште полиберална политика за финансиски услуги од постоечката, така што ќе може да ги искористи предностите на неизбежните преселби на компании и бизниси кои ќе се појават во периодот на конфузија”, вели Рос.

Како Секретар за трговија, Рос ќе бидат меѓу оние кои ќе преговараат за трговски договор со Велика Британија, доколку таа се повика на Член 50 за напуштање на Европската унија (ЕУ).

Британската лабуристичка партија наведе дека зборовите на Рос се предупредување дека другите економии ќе се обидат да профитираат од Brexit-от.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП