10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа 3 години SEAT ќе претстави електричен автомобил

За 3 години SEAT ќе претстави електричен автомобил

mi3399

Шпанската марка на „Volkswagen“ – „SEAT“, ќе го претстави својот прв сериски електричен модел во 2019-та година, објави магазинот „Autocar“. Информацијата е потврдена пред изданието од Енрике Пастор, директорот на „SEAT“ за стратегија на производот и истражување на пазарот.

Се уште не е јасно дали станува збор за електрично возило, изградено врз основа на конвенционалните модели, или за потполно нов проект. Пастор сепак беше категоричен дека електричниот модел ќе излезе на пазарот пред големиот кросовер кој е планиран од Шпанците. Во тоа има логика – наскоро претстои деби на четвртата генерација на хечбекот „SEAT Leon“, а електричниот автомобил може да биде базиран на неговата платформа или врз основа на концептниот „VW I.D“.

Во „SEAT“ веќе имаат одредено искуство со електрични модели. Компанијата го создаде „Altea XL Electric Ecomotive“, како и скромниот според димензии „eMii“, и двата електрични модели беа произведени во мали искусни серии, но не стигнаа до сериско производство, иако беа подложени на сериозни тестови по улиците на Мадрид.

Актуелниот „Leon“ исто така може брзо да се здобие во електрична верзија, бидејќи е изграден врз платформата „MQB“, која се користи и кај седмата генерација на „VW Golf“. Моделот на „VW“ има електрична верзија уште од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП