8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските берзи се тргува внимателно, порасна вредноста на доларот

На азиските берзи се тргува внимателно, порасна вредноста на доларот

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На азиските берзи утрово се тргуваше внимателно, прометот е слаб бидејќи во понеделникот најголемите пазари во светот не работеа поради божикните празници.

На берзата во Токио, Nikkei индексот во 6:00 часот беше во плус од 0,3 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и во Јужна Кореа зајакнаа за околу 0,1 отсто.

Во Шангај и Хонг Конг забележаа благ пад, додека во Австралија и во Нов Зеланд поради празниците не работаат. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските во 6:00 часот беше речиси непроменет во однос на петокот.

На азиските берзи со кои се тргува внимателно, бидејќи нема вести кои значително ќе го активираат пазарот во една или друга насока, додека прометот по Божиќ и пред новогодишните празници слаб.

„Ова е време од годината кога на пазарот е обично бавно. Индексите би можеле да останат ограничени, бидејќи обемот на тргување е тенок”, вели Пан Џингји, стратег во IG.
На стоковите пазари, исто така ce тргува претпазливо, па цената на нафтата на пазарот во САД утрово се зголеми мало 0,1 отсто, на 53.10 долари за барел.

На лондонскиот пазае цената за барел стагнира на околу 55,15 долари. На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата на валути и понатаму се движи недалеку од највисокото ниво во 14 години.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, ова утро зајакна за 0,1 отсто, на 103,13 бодови, па повторно тргна кон 103,65 бодови, што е највисоко ниво од декември 2002 година, што беше постигнат на почетокот на минатата недела.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута склизна за 0,3 одсто, на 117,40 јени.

Во однос со европската валута доларот зајакна за 0,2 отсто, па цената на еврото склизна на 1,0435 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП