18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватската Влада ја продава „Croatia Airlines“

Хрватската Влада ја продава „Croatia Airlines“

image

Хрватскиот министер за поморство, сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ најави дека Владата на Хрватска ја продава „Кроациа ерлајнс“.

Дончиќ предупреди дека синдикатите на домашната авиокомпанија мора да ја сфатат деликатноста на моментот и истакна дека целта на Владата е компанијата да опстане.

Министерот потсети дека државата ја докапитализирала „Кроациа ерлајнс“ со милијарда куни и најави дека Владата во првата фаза на санација ќе продолжи со реструктуирање.

– Секако дека за „Кроациа ерланјс“ ќе побара и некој потенцијален стратешки партнер. Ако тој доаѓа надвор од ЕУ, максималниот удел ќе биде до 49 отсто, а ако тој доаѓа од ЕУ, тој удел може да биде и до 100 отсто, рече Дончиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП