18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтечајот на Повардарие ќе доведе до протести на лозарите

Стечајот на Повардарие ќе доведе до протести на лозарите

povardariee333

По најавите дека винарската визба „Повардарие” од Неготино оди во стечај, на нозе се кренаа лозарите од земјава, кои најавија протест и блокади поради неисплатени обврски кој нив.

Рочиштето за отварање на стечајна постапка е закажано за во среда, кога Основниот суд од Велес треба да одлучи. Револтираните лозари велат дека нема да го дозволат тоа и дека ќе ги блокираат сите институции ако е потребно.

Повардарие соработува со околу седум илјади лозари од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во Македонија. Во услови кога немаше каде да го пласираат грозјето, тие во најголем дел го предадоа во „Повардарие“. Лозарите сега се плашат дека ќе ги изгубат парите што им ги должи винарската визба ако таа оди во стечај.

Повардарие на лозарите им должи околу 5 милиони евра за продадено грозје од овогодинешниот род.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП