1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Претприемач на годината“ ќе се доделува по десетти пат

„Претприемач на годината“ ќе се доделува по десетти пат

pretpriemac

Во вторник вечер, по десетти јубилеен пат, Сојузот на стопански комори ќе избере Претприемач на годината.

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, го организираат 10-годишниот јубилеј на манифестацијата за изборот на Претприемач на годината 2016.

Целта на доделувањто на престижната награда „Претприемач на годината“ е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери. И годинава ќе се изберат најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија. Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2016“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија.

Институционален покровител на манифестацијата е Министерството за економија на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП