3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТурски инвеститори ги разгледуваа потенцијалите на штипската бања „Кежовица“

Турски инвеститори ги разгледуваа потенцијалите на штипската бања „Кежовица“

image

Турски инвеститори се заинтересирани за вложување во бањскиот комплекс „Кежовица“.

Претставници на турската корпорација „ЦЕО“ денеска со директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски ја посетија Градската бања „Кежовица“ и го разгледаа просторот околу бањата, а со цел да го видат потенцијалот и капацитетите на штипското јавно претпријатие и на Физикална терапија.

– Турските инвеститори се заинтересирани за изградба на хотели од типот на медицинска спа терапија и денес им ги предочивме сите предуслови кои ги имаме, рече Мицевски.

Координаторот на хотелските комплекси „ЦЕО“, Тахир Јилдрм рече дека нивната основна дејност е хотелиерството, а токму во Македонија ја гледаат иднината за инвестирање во областа на туризмот.

– Размислуваме дека во иднина ова ќе биде еден од големите гео-термални центри во Европа, а туризмот ќе се развива токму во оваа насока. Овој реон има голем потенцијал пред се за Северна и Источна Европа, рече Јилдрм.

Турските инвеститори истакнаа дека покрај Штип ќе ги разгледат и можностите за вложување и во Охрид, Битола и Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП