18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија во дефлација девети месец по ред, невработеноста расте

Јапонија во дефлација девети месец по ред, невработеноста расте

%d1%98%d0%b0%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b8

Потрошувачките цени во Јапонија паднаа во ноември девети месец по ред, покажуваат денес објавените податоци, а пад бележи и потрошувачката на домаќинствата, додека и невработеноста е зголемена.

Базната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на храната и енергентите, во извештајниот месец изнесувала минус 0,4 проценти на годишно ниво, соопштија од Министерството за внатрешни работи, пренесува агенцијата Франс прес.

Економистите прогнозираа пад на потрошувачките цени од 0,3 проценти.

Тоа е уште еден удар врз напорите на Владата и Банката на Јапонија да ја подигнат третата најсилна економија во светот со масовната јавна потрошувачка и агресивните мерки за монетарно олабавување, оценува француската агенција.

Вастите во Токио ја препишуваат вината за неуспех во постигнувањето на целната инфлација од два проценти на екстерните фактори, како што е падот на цената на енергијата и неизвесноста во поглед на екномијата во пораст.

Минатиот месец, централната банка соопшти дека очекува достигнување на проектираната инфлација од два проценти во март 2019 година, четири години подоцна од првично планираниот термин.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека потрошувачката на домаќинствата во Јапонија во ноември исто така опаднала, девет месеци по ред, за 1,5 проценти во однос на една година претходно.

Стапката на невработеност во земјата во ноември, сепак, пораснала на 3,1 проценти, од 3,0 проценти во октомври, се наведува во соопштението на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП