Доколку планирате во 2017 година да пронајдете добро платена работа во Соединетите Американски Држави вработување започнете да барате во Тексас или Колорадо.
Последната студија на NerdWallet покажа дека секоја држава во САД има по два најдобри града кога станува збор за барањето на работа.
На прво место се наоѓа Остин во Тексас, а следат Денвер (Колорадо), Нешвил (Тенеси), Сиетел (Вашингтон), Дарам (Северна Каролина) и Атланта (Џорџија).
Веднаш зад нив се наоѓаат Минеаполис (Минесота), Линколн (Небраска), Ирвинг (Тексас) и Рали (Северна Каролина).
Во оваа студија се вклучени 100-те најголеми градови во Америка, при што се анализирани просечните плати, стапката на невработеност и растот на работната сила, како и односот на приходите и трошоците.