16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската рубља една од најсилните валути во 2016

Руската рубља една од најсилните валути во 2016

rublja

Руската рубља оваа година да ја заврши како една од најсилните валути во светот, судејќи според тоа дека само бразилскиот реал забележа подобар курс во однос на доларот од руската валута.

Зголемувањето на цените на нафтата и на зголемениот интерес на странските инвеститори, и покрај санкциите се главните причини за заздравувањето на рубљата.

Руската валута оваа година зајакна во однос на доларот за 17 отсто, во што само за малку ја надмина бразилскиот реал кој е зголемен за повеке од 17 отсто во однос на доларот.

Рубљата имаше тешкотии во првиот месец во 2016 година, кога нафтата падна на 27 долари за барел, при што нејзината вредност во однос на доларот падна на најниско ниво досега од 82 рубљи за долар.

Со стабилизацијата на цените на нафтата, курсот на руската валута се врати во 60,40 рубљи за долар во декември оваа година. Денеска рубљата се тргува на ниво од 60,80 за долар и 63,60 за евро, што е и во двата случаи е во близина на 18-месеченото највискоко ниво.

“Оваа година регистрираме активен влез на странци на пазарот на рубљи и купување на обврзници деноминирани во рубли, со обзир на позитивниот тренд на зајакнување на рубљата и земајќи ги во предвид добрите приноси на тие обврзници”, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Од почетокот на оваа година, учеството на странски купувачи на руски обврзници (OFZ) се зголеми за повеќе од пет отсто на речиси 27 отсто.

Рускиот пазар на акции, исто така забележа добри резултати. Индексот на Московската берза за тргување во рубли, MICEX, се зголеми за 24 отсто оваа година, надминувајќи многу рекордни нивоа.

Според многу аналитичари, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, исто така отвора значајни можности за инвестиции во Русија, како што се предвидува и подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП