1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија снабдила близу третина од европските потреби за гас

Русија снабдила близу третина од европските потреби за гас

gasovod

Русија снабдила близу третина од европските потреби од природен гас во 2016 година, што претставува рекордно количество и покрај тензиите со Европската унија којашто настојува да ја намали зависноста од руските енергенси.

Како што пренесува AFP, во најновото списание на „Сино гориво“, списание на Газпром, се наведува дека „Уделот на гасот на Газпром во Европа постојано расте и речиси достигна третина од европската потрошувачка“.

Компанијата проценува дека снабдила 31 отсто од европските потреби од гас во 2015 година, што веќе било рекордно ниво. „Веќе сме на прагот да го постигнеме апсолутниот рекорд на годишните испораки на гас, и од советскиот период и од историјата на модерна Русија“, се додава.

Пред десетина дена рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека во периодот од 1-ви до 15-ти декември 2016 година го зголемил извозот на природен гас во европските земји за 14,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата 2015 година.

Меѓу водечките земји чии нарачки придонеле за ваквата динамика на растот на извозот се Данска со зголемување од 137,5 отсто, Полска со 103 отсто, Велика Британија со 66,8 проценти, Австрија со 64, Чешка со 49,8, Финска со 26,3, додека Германија купила гас годинава 14,2 отсто повеќе отколку во првата половина од ланскиот декември.

Европската унија увезува вкупно половина од своите потреби од гас, но во Брисел се загрижени поради улогата на Газпром како водечки снабдувач, откако руските снабдувања во минатата беа двапати прекинати во текот на спорот со Украина околу цените, при што во неколкуте ткн „гасни војни“ последната деценија Москва го обвинуваше Киев дека ги поткраднува испораките за ЕУ.

Токму затоа, Русија се одлучи за градење на двата гасовода Северен и Јужен тек, кои ќе ја заобиколат Украина. Од проектот Јужен тек наменет за испораки во јужните членки на ЕУ, Москва се откажа поради упорноста на Брисел кој инсистира на почитување нејзиниот Трет енергетски пакет според кој е забрането една компанија да го произведува и транспортира гасот, иако во неговата реализација беше вклучена и италијанската компанија Eni.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП