
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100м. има во Делчево.


Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100м. има во Делчево.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.