13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНХЦР: Балканските земји илегално ги враќаат мигрантите

УНХЦР: Балканските земји илегално ги враќаат мигрантите

migra

Илегалните депортирања на мигрантите кои настојуваат да се доберат до западна Европа преки таканаречената Балканска рута се во пораст, предупреди УНХЦР во понеделникот.

Околу илјада луѓе од Блискиот исток, Азија и Африка „се протерани само во ноември по должината на Балканската рута „повеќе отколку претходно“, изјави портпаролката на УНХЦР во Србија, Мирјана Миленковска за AFP.

Стотици илјади мигранти се обидоа преку ткн Балканска рута, преку Македонија и Србија, а потоа преку Унгарија, или преку Хрватска и Словенија, да стасаат до богатите земји во западна Европа од Грција, пред оваа траса да биде затворена во март годинава.

Невладините организации за човекови права и активисти предупредуваат дека е зголемен бројот на легално регистрирани мигранти коишто „илегално се депортирани“ од Србија во Бугарија и во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП