23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна Пролетниот базар во рамки на Деновите на занаетчиството 2013

Почна Пролетниот базар во рамки на Деновите на занаетчиството 2013

20130424-192508.jpg

Во Старата скопска чаршија, пред просториите на Занаетчиската комора Скопје, денеска беше отворена традиционалната манифестација „Денови на занаетчиство 2013 година“.

На отворањето на манифесатцијата се обратија Никола Петров претседател на ЗКС, директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Тајфун Калкан кој говореше за соработката со Занаетчиската комора, а базарот за отворен го прогласи раководителот на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, Слободан Ќосев.

– Занаетчиството заземало значајно место во стопанскиот живот на Скопје и вршело силно влијание врз изгледот на Старата скопска чаршија. Факт е дека денес малите и средни претпријатија и занаетчиството се движечка сила на секоја пазарна економија, бидејќи генерираат вработеност и економски раст. Занаетчиството е гранка, која нуди перспектива за вработување на младите невработени лица и преку проекти поддржани за почнување мали бизниси, рече Ќосев.

На Пролетниот базар на домашни ракотворби и оваа година ќе бидат практично презентирани сите занаети од најстари до најсовремени, како и нивното значење за квалитетот на живеење на граѓаните и што би претставувало човештвото без занаетчиството.

Во рамки на Деновите на занаетчиството ќе се презентираат и средните стручни училишта од Скопје, кои ќе ги претстават струките за кои образуваат ученици со нивна практична презентација, со цел, подигнување на имиџот на средното стручно образование и потикнување на младите да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување.

Пролетниот базар ќе трае до 26 април, до кога сите заинтересирани ќе можат да ги посетат дрвените куќарки поставени пред Домот на занаетчии во Старата скопска чаршија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП