25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBusiness Insider: Геополитички предвидувања за 2017-та година

Business Insider: Геополитички предвидувања за 2017-та година

putin-asad3

Се ближи крајот на 2016-та , а геополитичкиот метеж од изминатава година најавува доста непредвидлива состојба на светската политичка сцена како и во меѓународните односи, пишува британски Business Insider (BI).

Русија – Според предвидувањата на BI, Русија ќе направи повеќе провокативни потези против балтичките држави, за да ја видат реакцијата на Доналд Трамп и на остатокот на светот. Се очекува Москва да се меша во многу други меѓународни афери, посебно во Балтичките држави. Русија ги помести нуклеарните ракети близу до Полска и Литванија во октомври, а НАТО одговори со поставување трупи и тенкови во балтичките земји.

ИСИС – Моменталната моќ на Исламската држава (ИСИС) е во пад и се очекува и следната година нејзината сила да опаѓа. Америкнаксите воени лидери нампоменуваат дека ќе бидат потребни уште два до четири месеци додека Мосул не биде потполно сигурен. Доколку градот „падне“ целосно, големи копнени сили директно ќе го нападнат градот Рака.

Терористичката група Исламска држава нема да мирува иако се прилично е разнишана нејзината моќ. Тие ќе ги засилат своите пропагандни напори за да ги инспирираат новите регрути за поединечни напади ширум светот.

Сирија – Претседателот Асад ќе остане на власт во Сирија. После падот на Алепо, претседателот Асад и неговите ирански и руски приврзаници ја зацементираа својата позиција во контролирање на поголем дел на источна Сирија.

САД ќе ја проверува Кина – Неодамнешната кинеска заплена на подводниот америкнаски дрон во водите на Јужното кинеско море бара адекватен одговор. Тимот на Доналд Трамп покажа разноликост во „муницијата“ што може да ја искористат за соочување со Кина. Етикетирање на Кина како манипулатор на валутата, започнување трговска војна со Пекинг, поддржување на Тајван, или дури и зголемување на поморски патроли околу кинеските воени комплекси во Јужното кинеско море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП