17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнгус Дитон: Развојот на роботиката и автоматиката може да уништи милиони работни...

Ангус Дитон: Развојот на роботиката и автоматиката може да уништи милиони работни места низ светот

undefined

Познатиот економист и нобеловец Ангус Дитон предупреди дека развојот на роботиката и автоматиката може да уништи милиони работни места низ светот, пренесува Business Insider UK.

Ангус Дитон, кој минатата година ја доби Нобеловата награда за неговата работа на здравјето, богатство и нееднаквоста, изјави за Financial Times дека роботи се многу поголема закана за работните места во САД од глобализацијата.

Коментирајќи ја теоријата дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД била поткрепена со силни реакции против глобализацијата, нобеловецот Дитон во интервју за Financial Times рекол дека „глобализацијата не е закана од прв ред и сметам дека е многу тешко да не размислувате за милијарди луѓе кои беа вовлечени во сиромаштија како резултат на неа. Но сепак, мое мислење е дека глобализацијата не е ни одблизу толку голема закана како роботите“.

„Тешко е да се мисли дека Марк Цукерберг, всушност, ги осиромашува сите со неговото збогатување благодарение на Фејсбук. Но, автомобили без возачи е нешто сосема друго“, дополнил Дитон.

Белата куќа, во четвртокот, предупреди дека напредокот во вештачката интелигенција и роботика имаат потенцијал да збришат милиони работни места во фабриките и индустриите, со ризик на потенцијално зголемување на нееднаквоста.

Светскиот економски форум (WEF) на почетокот на оваа година предвиде „четвртa индустриска револуција”, во услови кога автоматизацијата и роботиката ја трансформира глобалната економија и начинот на кој работиме. WEF очекува најмалку пет милиони работни места да бидат уништени до 2020 година од ваквите трендови.

Студијата на Сити и Оксфорд Универзитетот, исто така, покажа дека 77% од сите работни места во Кина се изложени на ризик поради автоматизацијата и други 57% од сите работни места низ OECD.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП