11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИранскиот риал на ново најниско ниво во однос на доларот

Иранскиот риал на ново најниско ниво во однос на доларот

rialdolar3

И покрај укинувањето на санкциите, иранската валута продолжи да слабее во однос на доларот, од јуни до декември загуби речиси 20 отсто од својата вредност.

Во понеделникот, на црниот пазар, курсот на доларот го достигна нивото од 41,300.00 риали, додека во јуни за еден долар требаа 34,600.00 ријали.

Падот на иранската валута е забрзан по најавата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп дека ќе го поништи нуклеарниот договор кој го потпишаа со Иран во замена за укинување на санкциите.

За време на изборната кампања, Трамп не криеше што мисли за најважните достигнувања во надворешната политика на Обама.

“Никогаш во животот не сум видел ниедна трансакција, за која толку некомплетно се преговараше, како што е нашиот договор со Иран. Никогаш.“

Дополнителна нервоза кај трговците предизвика и намалување на интервенција на Централната банка на Иран, која претходно на пазарот инјектираше купишта долари за да ја задржи стабилноста на националната валута.

“Предходно централна банка редовно интервенираше на пазарот за поддршка на риалот, но во последните неколку недели нивните инјекции од долари се значително намалени”, изјави брокер од Техеран.

Воведувањето на западните санкции на Иран го имаше разурнувачки ефект врз риалот, кој на девизниот курс од 10.000 падна на 35.000 IRR / USD долари за само две години.

Аналитичарите велат дека најголемиот проблем на тековните движења на девизниот курс на ријали лежи во фактот дека големите меѓународни банки бегаат од враќањето на иранскиот пазар, поради страв од преостанатите американските санкции кои не се опфатени со нуклеарниот договор од јануари 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП