12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет планира раст од 5 проценти за 2017-2018

Египет планира раст од 5 проценти за 2017-2018

8284721375860cd844026e879907963_w640

Египет планира економски раст од пет проценти за фискалната година 2017-2018, соопшти египетското Министерство за финансии.

Властите во Каиро се соочуваат со сериозна економска криза уште од 2011 година кога настана побуната против претседателот Хосни Мубарак, што доведе до пад на приходите од туризмот, намалување на инвестициите и пораст на стапката на невработеност.

Египет во ноември доби кредит од 12 милијарди долари (11 милијарди евра) од Меѓународниот монетарен фонд.

Министерството за финансии наведе дека сака да продолжи со структурните реформи за да ги поддржи производните сектори, особено индустријата и извозот со цел привлекување на нови инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП