18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГувернерот на BoJ ja заштити политиката за контрола на кривата на принос

Гувернерот на BoJ ja заштити политиката за контрола на кривата на принос

File Photo: Bank of Japan Governor Haruhiko Kuroda gestures during a news conference at the BOJ headquarters in Tokyo

Гувернерот на Јапонската централна банка (ВоЈ) Харухико Курода ја заштити својата политика за контрола на кривата на принос во понеделникот, велејќи дека тоа ќе ја задржи од пораст на долгорочните каматни стапки и ќе и помогне на економијата да ја надмине стагнацијата, пренесува „Ројтерс“.

Курода исто така ги игнорираше критиките направени од некои експерти дека неговата цел за 2% инфлација е премногу амбициозна за една земја, која е одамна заглавена во дефлација. Тој рече дека централната банка може да си остави можности за одговор на идните шокови за економијата само преку забрзување на растот на цените до постигнување на целта.

Во говорот Курода предложи оптимистички поглед кон светската економија, велејќи дека таа можеби се бори успешно со проблемите, додека производството и трговијата се зголемуваат.

„Светската економија се чини конечно влегува во нова фаза, така што го остава наследството од глобалната финансиска криза зад себе, иако претстојат големи неизвесности“, коментира уште Курода.

Одлуката на централната банка, насочена кон ограничувањето на долгорочните каматни стапки ќе помогне за максимално зголемување на придобивките од ваквите глобални феномени од страна на јапонската економија, рече тој. Според него преку имплементирање на оваа рамка, централната банка може да ја искористи инерцијата од заздравувањето на светската економија, за да добие поголем поттик за јапонската.

Забелешките на Курода го нагласуваат зголеменото чувство на оптимизам на претставниците на „ВоЈ“ во врска со изгледите на економијата на Јапонија и зајакнувањето на пазарните очекувања дека банката ќе стои на растојание од проширувањето на паричните стимулации во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП