10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа земја го направи најголемиот финансиски експеримент во историјата, сега ја чека...

Оваа земја го направи најголемиот финансиски експеримент во историјата, сега ја чека апокалипса

india

Благодарение на одлуката на премиерот Нерендра Моди за повлекувањето на 60 проценти од активните банкноти, Индија сега се соочува со “апокалипса”, особено во областа на производството и прометот на малите претпријатија.

Пред малку повеќе од еден месец Индиската банка издаде 1,7 милиони нови банкноти што претставува третина од повлечените апоени од употреба, така што шестата економска сила во светот моментално располага со 60 отсто помалце валути. И покрај веќе очајните бизнисмени, премиерот инсистира својата замисла да ја реализира до крај и тврди дека “само што започна”.

Целата идеја има за цел за отстранување на “валканите пари” во сопственост на криминалците и елитата, а демонетизацијата е првиот чекор во “безготовинската” револуција за да се спречат милијарди сомнителни финансиски трансакции.

Работниците масовно ги напуштаат своите работни места во фабриките во големите градови и се враќаат во малите средини од кај што дошле. Повеќето од нив платата ја добиваа во готовина, а сега тоа стана невосможно. Дури третина од индиското насление немаат отворено сметка во банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП