2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФФМ со донација за децата од средното училиште за рехабилитација „Св. Наум...

ФФМ со донација за децата од средното училиште за рехабилитација „Св. Наум Охридски”

aaa

Фудбалската федерација на Македонија по повод педесет годишнината од основањето на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје присуствуваше на свечената приредба изведена од страна на учениците од образовната институција.

Во рамките на манифестацијата директорот на училиштето Јордан Стојановски ја најави монографијата за постоењето и развојот на училиштето и врачи благодарници за искажани хумани гестови од страна на институции и поединци меѓу кои беше и ФФМ.

aaa

Фудбалската федерација на Македонија донираше спортска опрема за децата од интернатот кој функционира во рамки на училиштето. Нескромниот ентузијазам и залагање на наставниците кои работат со децата и придонесуваат за нивно интегрирање во општеството и прави сите кои на скромен начин помагаат преку донации да се чувствуваат убаво и корисно.

aab

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП