25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Сиромаштијата подлабока, богатите уште побогати

Франција: Сиромаштијата подлабока, богатите уште побогати

francija14

Животниот стандард на најсиромашните во Франција е дополнително намален во текот на кризната 2010 година, за разлика од богатите кои во истиот период станале уште побогати.

Просечниот приход на француското домаќинство на годишно ниво во 2010 година, изнесувало 19.270 евра, а на месечно 1.610 евра, што е за 0,5 проценти помалку отколку во 2009 година, покажува истражувањето на Заводот за статистика на Франција.

Меѓутоа, во истражувањето се напоменува дека сиромашните граѓани осетиле значително поголем пад на стандардот, бидејќи приходите на пет проценти од најбогатите во тој период не само што не се намалени, туку се зголемени за 1,3 проценти.

Приходите на 30 проценти од најзагрозените француски домаќинства се намалени од 1,3 до 1,6 проценти. Добивката на десет проценти од најмоќните домаќинства во истиот период е зголемена за 0,3 проценти.

Поради тоа разликата меѓу најсиромашните и најбогатите е зголемена со истовремен раст на стапката на сиромаштија и тоа за 0,6 проценти.

Бројот на лица кои се на работ од сиромаштијата во Франција во 2010 година е зголемен за 440.000 во однос на 2009 година, кога стапката на сиромаштија достигна 10,4 проценти.

Падот на стандардот особено ги погоди сиромашните семејства во кои живеат 2,7 милиони деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП