3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДедомразовците ја истрчаа традиционалната новогодишна трка

Дедомразовците ја истрчаа традиционалната новогодишна трка

dedo-696x464

Третата по ред Дедомразовска трка се одржа во недела на плоштад Македонија во склоп на Новогодишен базар „Подари среќа“.

На трката учествуваа 450 Дедомразовци, кои се натпреваруваа во три категории на трката која беше долга 2 километри.

„Организацијата и реализацијата на денешниот настан се одржа совршено благодарејќи на нашите спонзори и поддршката која ја имавме од Град Скопје. Очигледно е дека сите учесници се расположени и убаво си поминуваат на овој забавен настан. Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во денешната трка и да им честитам на победниците.“, истакна Методија Саздов, претседател на организацијата „Прв до Врв“.

Тој додаде дека им е многу драго што трката добива традиционален карактер и што се организира на ниво како и во другите светски метрополи.

Победниците од категоријата на млади од 3 до 1 место беа: Ива Цветковска, Калина Марковска и Марко Јовановски. Во категоријата женски 3 место освои Ивана Кипријановска, 2 место освои Тамара Славевска и 1 место освои Рената Соколовска. Во категоријата мажи 3 место освои Богдан Цветковски, 2 место освои Атанас Анчевски и 1 место освои Дарио Ивановски.

Учесниците ја започнаа трката во 12.00 часот и истрчаа 2 километри. На најдобрите им се доделија награди и медали од страна на претставници од Град Скопје, Конгресен центар „Александар Македонски“ и Кока – Кола. За другите имаше организирано лотарија и им се доделуваа разни подароци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП