3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ им одобри кредит на Турција и Азербејџан за реализација на гасоводот...

СБ им одобри кредит на Турција и Азербејџан за реализација на гасоводот ТАНАП

571cfade67b0a95ce8de6fac

Светска банка(СБ) им одобри на Турција и на Азербејџан кредит од по 400 милиона американски долари за проектот за изградба на гасоводот Трансанадолија(ТАНАП).

Кредитот ќе биде реализиран со посредство на Меѓународната банка за обнова и развој.

Владите на Турција и на Азербејџан дадоа гаранции за кредитите кои Меѓународната банка за обнова и развој ќе ги уплати на турската компанија БОТАС на период од 24 години, со петгодишен грејс период и на азербејџанската компанија ЦГЦ на период од 30 години со ист грејс период.

Заменикот шеф на Светска банка за Европа и Централна Азија Кирил Милер, рече дека е задоволен од фактот што оваа финансиска институција ќе учествува во реализацијата на толку важен проект.

„Гасоводот ТАНАП не е важен само за Турција и Азербејџан, туку ќе придонесе и за економскиот развој на целиот регион. Истовремено, ќе овозможи развој на трговијата. Тоа е уште еден голем чекор кон јакнењето на енергетската сигурност на Турција и на цела Европа“, рече Милер.

Генералниот директор на проектот ТАНАП, Салтук Дузјол претходно соопшти дека станува збор за мега проект вреден вкупно 8,5 милијарди американски долари.

Гасоводот ќе биде долг 1,85 илјади километри, а се очекува во јуни 2018 година да почне испораката на гас кон Турција, а две години подоцна и кон Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП