2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИНА се враќа во хрватска сопственост

ИНА се враќа во хрватска сопственост

ina

Синоќа на вонредна прес­конференција хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ соопшти дека Хрватска го загубила процесот на арбитража во случајот ИНА­МОЛ и дека е донесена политичка одлука за враќање на ИНА во сопственост на Хрватска.

Пленковиќ посочи дека унгарската страна е запознаена со таа одлука. Хрватската Влада, како што посочи тој, ги разгледувала најдобрите опции за иднината на оваа компанија, како во контекст на стратешките интереси, така и во енергетска смисла. ­

Хрватска ќе покрене процес на откуп на целокупниот удел на унгарски МОЛ во ИНА без зголемување на јавниот долг на Хрватска.

Со оваа одлука е запозната и претседателката на Република Хрватска и претседателот на Саборот, рече Пленковиќ.

Правниот тим на Хрватска го информирал дека судот во Женева ги отфрлил доказните материјали на Хрватска. Хрватскиот премиер додаде дека арбитражниот суд во Женева навел дека доказите не се доволни за да се докаже дека купувањето на ИНА била плод на коруптивни активности.

Според Пленковиќ, неговата Влада силно се спротиставува на одлуката на арбитражниот суд и ги разгледува сите опции за да ја оспори.

Хрватска покрена постапка за арбитража во 2013 година, а МОЛ како сопственик на 49 отсто од акциите тврди дека Владата не ги исполнила обврските од Главниот договор за плинско работење и неговите додатоци од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП