26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрадиционално по 15-ти пат е поставена подводната елка во Охридското Езеро

Традиционално по 15-ти пат е поставена подводната елка во Охридското Езеро

elka

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, во недела традиционално по 15-ти пат ја накитија подводната елка во Охридското Езеро.

И оваа година елката беше поставена во езерските води кај Заливот на коските.

Неодминлив декор на оваа убава традиција и оваа година беше подводниот „Дедо мраз“, кој ги израдува најмладите посетители во Заливот на коските, подарувајќи им новогодишни пакетчиња.

Традиционалното китење на подводната елка оваа година охридските нуркачи го посветија на децата со ретки болести.

„Упативме апел за помош и истакнавме знаме за поддршка на децата со ретки болести под вода, а секако ова го правиме и за промоција на градот и Македонија и разубавување на празничната атмосфера“, изјави Горан Балески од клубот за подводни активности од Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП