13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOбележување на велосипедските патеки од рутата 2

Oбележување на велосипедските патеки од рутата 2

velo-pateka33

Продолжуваат активностите за реконструкција и изградба на велосипедските патеки во Скопје, преку реализација на проектите од проектот „Скопје велоград 2017“.

Во 2016 година екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ работеа на велосипедските патеки долж булеварите и улиците составени од Рутата 2 од проектот.

По асфалтирањето на велосипедските патеки деновиве започна акција за обележување на истите и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваа патеките долж булеварот „Партизански одреди“ од Карпош кон Влае, како и на потегот пред Градежниот факултет. Во наредните денови ќе се бележат велосипедските патеки на бул. „ВМРО“, како и на бул. „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП