28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтората Боемска улица отворена со звуците на тамбурите

Втората Боемска улица отворена со звуците на тамбурите

boemska000

Бардот на староградската музика, Звонко Богдан, и македонската легенда, Нино Величковски, приредија вистински спектакл на отворањето на втората Боемска улица во Дебар Маало.

Повеќе од илјада присутни граѓани има можност во живо да ги слушнат најпознатите хитови на Богдан и Величковски, уживајќи во прекрасната новогодишна атмосфера на украсената Боемска. Настанот во организација на општина Центар беше целосно финансиски поддржан од домашните реномирани брендови Скопско, Тиквеш и Пелистерка.

Со греано вино и мезе приготвено од локалните ресторани, атмосферата беше совршена за безвременско уживање и дружба. На настанот пригоден говор и краток настап имаше македонскиот боем, пејач и композитор, Зафир Хаџиманов.

„Боемската улица ќе биде место каде граѓаните ќе може да уживаат во духот на старо Скопје. Со проектот е предвидено ограничено движење и паркирање на возилата по улицата, со што скопјани ќе добијат нова пешачка зона и можност за одмарање на под сенките на старите и нови костени“, информираат од општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП