13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на нови домови во САД бележи поголем раст од прогнозите

Продажбата на нови домови во САД бележи поголем раст од прогнозите

domovi22

Продажбата на нови домови во САД се зголеми во ноември и бележи стабилен раст за годината, како целина, иако неодамнешните зголемувања на хипотекарните стапки може да ја ограничи активноста на пазарот во 2017-та година.

Трансакциите со новоизградени куќи, кои формираат мал удел од сите станбени продажба во земјата, се зголеми за 5,2% во однос на октомври до сезонски приспособената годишна стапка од 592.000 единици во минатиот месец, покажуваат податоците на американското Министерство за трговија. Ова е најсилниот месечен раст и највисокото ниво на продажба од јули, па наваму.

„Станбениот пазар останува во добра состојба“, коментира економистот од „Barclays“, Роб Мартин.

Анкетираните економисти очекуваа скромно зголемување на трансакциите во ноември до 580.000 единици. Податоците за продажбата во октомври остануваат без ревизија на ниво од 563.000 единици.

Податоците за продажбата на нови домови можат да бидат исклучително неточни и променливи од месец до месец. Зголемувањето за ноември од 5,2% е со веројатност за статистичка грешка од 14,1 процентни поени.

Генерално 2016-та година бележи „пристоен“ раст на пазарот на новоизградените домови за едно семејство. Продажбата за првите 11 месеци е со 12,7% повеќе од истиот период од минатата година.

Со сегашната стапка на продажба би траело 5,1 месеци да се исчисти понудата на нови станови на пазарот кон крајот на ноември. Средната продажна цена за минатиот месец е 305.400 долари во однос на 317.000 долари во ноември 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП