2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина и oдреди рекордна парична казна на GM

Кина и oдреди рекордна парична казна на GM

gm-mo33

Кинеската влада воведе невидена глоба на локалното заедничко вложување на „General Motors“ поради злоупотреба на монополската позиција, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата ја цитира националната телевизија на Кина, според која санкцијата е во износ од 201 милиони јуани (29 милиони долари). Таа е наметната за компанијата „SAIC-GM“, бидејќи има воведено минимални продажни цени за модели на „Cadillac“, „Chevrolet“ и „Buick“, во спротивност со кинеските правила за слободна конкуренција.

Од „GM“ реагираа веднаш и најавија дека ги почитуваат сите локални закони и правила на бизнис не само во Кина, но и секаде на друго место, каде што ги продаваат своите автомобили. Концернот изрази целосна поддршка кон „SAIC“, барајќи соодветна реакција од страна на локалните власти.

Некои аналитичари видоа во глобата предупредувачки потег на кинеските власти против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој на неколку ја пати посочи потребата од создавање на трговски бариери за колосалниот кинески увоз во САД. Ситуацијата ја усложнува и фактот дека новиот претседател одлучи да го назначи економистот Питер Наваро за шеф на Националниот совет за трговија на САД. Во бизнис-круговите Наваро е еден од најжестоките критичари на слободната трговија со Кина.

„SAIC-GM“ е заедничка компанија меѓу американскиот гигант и кинеската „Shanghai Automotive Industry Corporation“, која всушност е сопственост на кинеската влада. Практично со наметнатата санкција властите во Пекинг се казнуваат и себеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП