2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна невработеноста во Хрватска

Порасна невработеноста во Хрватска

93574965585d370daea4f935822165_w640

Стапката на регистрираната невработеност во Хрватска порасна во ноември на 14,4 проценти, втор месец по ред, од 14 проценти во октомври.

По осум месеци непрекинат пад на невработеноста, во последните два месеца, по завршувањето на туристичката сезона, бројот на невработени расте, покажаа објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Сепак, ноемвриската стапка на невработеност е помала за три процентни поени во однос на истиот месец минатата година кога изнесуваше 17,4 проценти, се наведува во текстот.

Растот на стапката на невработеност на месечно ниво бил очекуван, со оглед на тоа дека, според податоците на Хрватскиот завод за вработување, на крајот на ноември биле регистрирани 232,267 невработени лица, или 2,9 проценти повеќе отколку еден месец претходно.

И во декември може да се очекува раст на стапката на невработеност, бидејќи, денешните податоци од интеренет страницата на Заводот за вработување покажуваат дека во моментот без работа се 236,500 лица, што е за околу 4,230 невработени повеќе отколку на крајот на ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП