2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Нееднаквоста во еврозоната се зголеми по должничката криза

ЕЦБ: Нееднаквоста во еврозоната се зголеми по должничката криза

ECB shows disposition to reactivate bonds buying

Kонцентрациjaта на богатството меѓу најбогатите домаќинства во еврозоната се зголемила од должничката криза, па наваму, иако нивото на благосостојба во целина се намалила поради ниските цени на становите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ), цитирани од агенциите.

Најбогатите 5% од домаќинствата поседуваат 37,8% од нето благосостојба во 2014-та година. Во 2010-та година овој процент бил 37,2%. Најсиромашните 5% од своја страна имаат само обврски во 2014-та година, покажуваат резултатите од истражувањето, базирано на 84.000 домаќинства.

По неколку бранови на рецесија кризата во еврозоната ги зголеми нееднаквостите. На пример земји на периферијата – како Италија, Шпанија, Португалија и Грција, имаа сериозни тешкотии, а земјите во јадрото на монетарната унија се обновија побрзо.

Средна благосостојба на едно домаќинство од еврозоната се намалила за околу 10% до 104.100 евра во четирите години до 2014-та година поради падот на цените на имотите, особено за најсиромашната петтина од населението, посочува „ЕЦБ“.

„Падот во нето благосостојбата главно се должи на намалувањето на цените на активата, особено на недвижностите“, пишува во извештајот на банката. Експертите додаваат дека амандманот е поголем за посиромашните домаќинства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП