29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВечер свечено отворање на „Боемска улица 2“ со Звонко Богдан, Зафир Хаџиманов...

Вечер свечено отворање на „Боемска улица 2“ со Звонко Богдан, Зафир Хаџиманов и Нино Величковски

boemska-696x368

Денес вечер, општина Центар свечено ја отвора „Боемска улица 2“.

Подготовките се во завршна фаза, а во моментов се садат 11 од 18 те предвидени костени.

Покрај опуштено дружење и мераклиска чашка пијалок, сите граѓани се добредојдени и ќе може да уживаат и во музичките настапи на тројца големи боеми. Вечерта ќе започне со настапот на познатиот македонски пејач Нино Величковски. Овој македонски боем ќе го придружуваат „Наши тамбураши“.

Со бардот на староградската песна и балканскиот симбол за боемски живот, познатиот Звонко Богдан и со неговите „Седум тамбураши“, ќе ги пееме заедно неговите безвременски хитови: „Осум тамбураши од Петроварадин“, „Фијакер стари“, „Кој те има, тој те нема“ и многу други.

Вечерва на „Боемска“ со сите присутни ќе биде и легендарниот Зафир Хаџиманов.

„Боемска улица 2 “ се наоѓа во срцето на Центар-Дебар Маало, од улицата „Орце Николов“ до дворот на Градежниот факултет.

Улицата се простира на 270 м должина и 4.000м2 површина и е поплочена со високо квалитетни коцки од природен гранит, нивелирана и осветлена со нови канделабри, без паркирани автомобили.

Улицата е разубавена и со нови зимзелени садници во жардињера кај ОУ „Коле Неделковски“ и цветен расад долж улицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП