27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕко Герила: Без Југохром воздухот во Тетово е многу помалку загаден

Еко Герила: Без Југохром воздухот во Тетово е многу помалку загаден

gerila-9901

Движењето Еко Герила најостро ги осудува тенденциите на раководството на комбинатот “Југохром” кои бараат од Владата да ја повлече одлуката за забрана на работата на овој загадувач.

„Барањето да му се дозволи на Југохром и понатаму да го загадува регионот е неприфатливо, противзаконско, опасно и со фатални последици за сите жители на Тетово и регионот. Со споредување на бројките, јасно се гледа дека конечно без Југохром, воздухот во Тетово е 40% до 50% помалку загаден. Ние зборуваме со бројки и факти, а раководството на Југохром манипулира со измама и клевета“, се вели во реакцијата на Еко Герила.

Според нив, големи негативни и непоправливи последици се предизвикани над животната средина и здравјето на жителите на Полошкиот регион како резултат на работењето на Југохром без филтри низ овие години. Од тука, Еко Герила смета дека неизбежно е поведување на кривична постапка со која ќе биде потврдена одговорноста на раководството на Југохром, и ќе се изречат заслужени санкции.

Организацијата Еко герила изјави дека Југохром е еден од најголемите загадувачи во Тетово и регионот, и ова се потврдува со намалувањето на нивото на загаденоста во периодот кога Југохром не работеше: Јануари 2016, година, 39% пониска; Февруари 2016, година, 41% пониска; Ноември 2016 година, 49% пониска; Декември 2016, 51% пониска.

„Минатата година Тетово достигна 1000 микрограми пм10 честички. Оваа година максимумот е 500 микрограми на м3. Минатата година бевме први во Европа но и во светот. Годинава сме на 7-8 место во Македонија. Секако дека Тетово продолжува да се загадува, но без Југохром состојбата е значително подобра“, порачуваат од Еко Герила.

gerila-9900

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП