7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ќе насочи дел од воениот буџет во обнова на нуклеарните капацитети

Трамп ќе насочи дел од воениот буџет во обнова на нуклеарните капацитети

dtramp23
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека САД би требало да ги зајакнат своите нуклеарни капацитети сé додека светот „не се вразуми“, јавува Reuters и оценува дека би можел да го поддржи многу скапото модернизирање на застарениот американски нуклеарен арсенал.

„САД многу мора да ги зајакнат и прошират своите нуклеарни капацитети, сé додека светот, кога во прашање е вооружувањето, не се вразуми во однос на нуклеарните бомби“, порача Доналд Трамп преку Twitter.

Во текот на следната деценија, на американските подморници со балистички проекти, борбените авиони и крстосувачки ракети ба подвижните лансирни рампи им истекнува векот на траењето. Се очекува дека модернизирањето и одржување на овој арсенал би можел да чини околу билион долари во следните 30 години.

Подоцна во петокот, Џејсон Милер, портпаролот на Трамп, појасни дека изјавата на новиот американските претседател за јакнењето на нуклеарните капацитети на земјата дека тој ја имал предвид неопходноста од спречување на ширењето на нуклеарно оружје.

„Избраниот претседател Трамп мислеше на заканата од ширење на нуклеарното оружје и критичната потреба од спречувањето на тоа, особено меѓу терористичките организации и нестабилните режими“, го цитира во петокот Reuters портпаролот на Трамп.

Трамп кој победи на претседателските избори на 8-ми ноември ја презема должноста на 20-ти јануари, ја водеше предизборната кампања на основа на јакнењето на американските вооружени сили, но исто така вети и намалување на даноците и надзор на трошоците на сојузните држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП