22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАGfK: Корисничката доверба во Германија ќе остане висока и во почетокот на...

GfK: Корисничката доверба во Германија ќе остане висока и во почетокот на 2017-та

sneg-berlin33

Корисничката доверба во Германија се очекува да го задржи позитивниот импулс и во почетокот на 2017-та година, поддржана од стабилните економски перспективи и силниот пазар на труд, прогнозира компанијата за маркетинг истражување „GfK“.

Индексот за очекуваните ставови во јануари се зголемува од 9,8 до 9,9 процентни поени. Економистите анкетирани од „Dow Jones Newswires“, прогнозираа дека вредноста на индексот ќе остане на исто ниво.

„Корисниците изгледа се целосно имуни на серија фактори на ризик, како што е резултатот од претседателските избори во САД, „Brexit“, заострувањето на финансиската криза во Италија, како и пропаднатиот референдум и оставката на премиерот Матео Ренци, но и високата опасност од тероризам“, наведуваат аналитичарите од „GfK“.

„Изгледа дека корисниците генерално сметаат дека условите на пазарот на труд играат главна улога во нивната одлука дали да купат“, се вели во анализата.

„GfK“ користи три подиндекса од овој месец, за да се утврди индексот за ставовите за следниот месец.

Показателот за економските очекувања се зголемува од 15,3 поени во ноември до 16,4 поени во декември. Очекувањата за приходите се подобруваат, а соодветниот индекс расте од 44,5 поени до 55,6 поени благодарение на „одличните услови“ на пазарот на труд.

Индексот за склоноста да се купува, кој ја одразува желбата на Германците на трошење пари за скапи стоки, се намалува од 51,2 поени до 48 поени, но и покрај тоа нивото останува доста високо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП