17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: На Русија и е многу подобро, се е подобро

Путин: На Русија и е многу подобро, се е подобро

1659722486585d0012d2cd4932627337_w640

Падот на БДП на Русија оваа година ќе изнесува од 0,5 до 0,6 проценти, а инфлацијата ќе биде на ниво од 5,5 проценти, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин на редовната годишна конференција за новинари оцени дека економската ситуација во земјата се подобрува бидејќи падот на БДП во минатата година изнесувал 3,7 проценти.

Тој наведе дека инфлацијата од 5,5 проценти од овогодишното ниво е рекордно ниска. Дефитот на буџетот минатата година изнесувал 2,6 проценти, а оваа 3,7 проценти, што според него е апсолутно прифатливо.

Според неговите зборови, буџетот е проектиран во однос на 40 долари за барел нафта.

Рускиот претседател наведе дека се намалил одливот на капитал – додека минатата година изнесувал 57 милијарди долари, оваа е меѓу 16 и 17 милијарди долари.

Според зборовите на Путин, парите за 19,5 проценти од пакетот акции на Роснефт и Башнефт, веќе се префлени во рускиот буџет, и ќе послужат за реструктуирање на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП