27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога Норвешка ќе го затегне ременот, брише 15 компании

Кога Норвешка ќе го затегне ременот, брише 15 компании

621882463585be225bd2d7354668834_w640

Норвешката централна банка, која управува со државниот инвестициски фонд „тежок“ 869 милијарди долари, исклучи од портфолиото на фондот 15 компании.

Компаниите се на црната листа поради користењето или производството на јаглен, a фондот планира и понатамошни исклучувања во наредната година, соопшти централната банка.

Најбогатиот државен фонд во светот стави под надзор уште 11 компании со можност за исклучување, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фондот ги отстранува компаниите од своето портфолио врз основа на ниските критериуми, како што се производството на цигари, нуклеарното оружје и производствата кои влијаат на климатските промени, наведува британската агенција, потсетувајќи дека овој фонд е основан за потребите за финансирање на социјалните трошоци на норвешката држава, а инвестира и во акции, обврзници и недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП