20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден по ред пад на индексите на Волстрит

Втор ден по ред пад на индексите на Волстрит

wall-street-binary-options

На Волстрит во четвртокот цените на акциите паднаа, особено во трговскиот сектор, па Dow Jones додатно се одалечи од психолошки важното нивото од 20.000 поени.

Dow Jones ослабна за 0,12 отсто, на 19.918 бодови, додека S&P 500 слизна за 0,19 отсто, на 2.260 бодови, a Nasdaq индексот за 0,44 отсто, на 5.447 бодови.

Во средината на неделата, Dow Jones индексот се приближи на 15 бодови од психолошки важната граница од 20.000 бодови, но во последните два дена забележа пад, па се одалечи од тоа ниво.

Вчера најмногу паднаа акциите во трговскиот сектор, откако телевизијата CNN објави дека тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за воведување 10 отсто царина на увезените производи.

Акциите на Homе Depot поевтинија за повеќе од 1 отсто, а Walmart за 2,3 отсто.

Пазарот веќе со недели е поддржан од оптимизмот на инвеститорите за тоа дека Трамп планира да ги намали даноците, зголеми инвестициите во инфраструктурата и олабавување на регулативата во одредени сектори што ќе придонесат за забрзување на економскиот раст.

Благодарение на силниот раст на цената на акциите од 8 ноември, кога Трамп победи на изборите, Dow Jones е во плус за 14отсто, a S&P 500 индекс за 11 отсто во однос на почетокот на годината.

Некои аналитичари сметаат дека по т.н. “Трампов раст” акциите поскапуваат и се плашат дека застапниците на Конгресот се против остри намалувања на даноците и другите најавени политики на Трамп кои би можеле за го зголемат фискалниот дефицит.

“Има многу прашања на пазарот. Треба да се разгледа добивката од акциите во последните неколку недели, а кога Трамп ќе стане претседател, ќе видиме кои од неговите предлози ќе поминат на Конгресот”, вели Доналд Селкин, стратег во фирмата Newbridge Securities.

Како што се ближат божиќните празници, така обемот на тргување е се “потенок”. На американските берзи сопствениците вчера замениле 5,5 милијарди акции, додека во последните 20 дена просечната дневен обем изнесуваше 7,3 милијарди.

На европските берзи вчера се тргуваше претпазливо. Лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,32 отсто, на 7.063 бодови, a парискиот CAC 0,02 отсто, на 4.834 бодови. Франкфуртскиот DAX склизна за 0,11 отсто, на 11.456 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП