4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА400 илјади Белгијци добиваат пари ако одат на работа со точак

400 илјади Белгијци добиваат пари ако одат на работа со точак

bel

Во Белгија повеќе од 400 илјади жители добија еден вид “компензација” за користење на велосипед  како превоз до работа-поконкретно исплатено им е вкупно 93 милиони евра.

Се работи за стимулација, додаток на платата која ја исплаќа компанијата на своите вработени, а се пресметува по пројдени километри.

Во бројки: работник кој е оддалечен од работното место петнаесетина километри и работи 210 денови во годината, ќе добие надоместок од 0,22 евра за километар или во една година ќе заработи 1.386 евра.

Ова е добар пример за нашите власти како би го намалиле сообраќајот и загадувањето во градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП