2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас ветува враќање на пазарот и покрај кавгата со кредиторите

Ципрас ветува враќање на пазарот и покрај кавгата со кредиторите

cipras-dolg

Премиерот Алексис Ципрас вети дека ќе ја врати Грција на меѓународниот пазар за обврзници во 2017 година, и покрај доцнењето на разгледувањето на грчките мерки со кои е условена странската кредитна помош, и без оглед на проблемите со кредиторите околу божиќната социјална програма која ја воведе.

Ципрас во четвртокот изјави дека попуштањето на хроничните фискални проблеми ќе ја врати Грција на пазарот и тоа тек по втор пат од 2010 година, кога прв пат побара меѓународна финансиска помош.

„Сега се на место основните елементи дека Грција е на пат за самостален пристап на пазарот во 2017 година“ изјави Ципрас на еден состанок во Атина со организацијата на Европската инвестициска банка.

Грција е сега во третата програма за помош која ја плаќаат нејзините партнери од еврозоната која ја сочинуваат 19 земји, вклучувајќи го и Монетарниот фонд.

Но, најновата ревизија спроведена од таа програма е одложена поради несогласувањата околу реформите на законот за труд и целниот буџетски суфицит.

Тоа доцнење може да ја одложи идната исплата на помош и да им наштети на шансите Атина да и се придружи на програмата на Европската централна банка за поддршка за купувањето на обврзници.

Владата на Ципрас е во спор со кредиторите поради одлуката овој месец на пензионерите со мали придонеси да им исплати дополнителен божиќен бонус и да го одложи зголемувањето на данокот на додадена вредност на островите погодени со бегалската криза.

Како одговор, кредиторите ги одложија мерките за олеснување на условите за отплата на долгот.

Во Грција сиромаштијата драстично порасна од почетокот на финансиката криза, со речиси четвртина работна сила без работа и без социјална помош од државата.

Божиќната исплата ќе биде дадена пред уште едно намалување на пензиите кое ќе стапи на сила идната година. Илјадници повозрасни Грци чекаа ред пред банките вчера за да ги подигнат парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП