1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен промет на Македонска берза

Зголемен промет на Македонска берза

mk-berza

Зголемен вкупен промет беше остварен во тргувањето во четвртокот на Македонската берза, што придонесе за раст на двата индекса.

Вкупниот промет во вчерашното тргување изнесуваше 92,7 милиони денари и се оствари преку 48 трансакции при што и двата индекси МБИ10 и ОМБ порасна за 0,22 и 0,07 отсто соодветно.

Најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, со вкупен промет од 14.050 лотови. Во една блок трансакција беа истргувани 14.000 лотови по цена од 2.800 денари, додека во класичното тргување помина 50 лотови по цена од 2.864,00 денари.

Втора најтргувана хартија беше акцијата на Палтекс АД Делчево, каде преку две трансакции во класичното тргување поминаа вкупно 11.562 лотови по цена од 2.659 денари.

Блок трансакција имаше и со акциите на Скопски пазар ( 14,3 милиони денари) и РЖ Услуги (3,9 милиони).

Кај СПАЗ се истргуваа 795 лотови по цена од 14.638 денари, додека РЖУС поминаа 35.800 лотови по цена од 110 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП